Бектеши најавува нов пакет антикризни мерки
Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други производи покрај оние со „гарантирана цена“ – од Економија најавуваат нов антикризен пакет. Бектеши и Ковачевски не се противат ако им се намали функционерската плата. Потребно е решение со фер вреднување на работата на секого, вели премиерот..

Нови антикризни мерки од ноември, најави Министерството за финансии. На креирањето на мерките се работи интензивно во координација со стопанските комори и засегнатите страни и до крајот на месецов треба да се дефинираат, информира ресорниот министер Крешник Бектеши. Вели - цените во малопродажба се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука.
Во меѓувреме, работната група од економските сектори го изготвува материјалот за законското решение за корекција на функционерските плати. Бектеши вели дека ќе ја поддржи одлуката, дури и таа да значи намалување или замрзнување на неговата плата. Решението мора да биде прифатено од пратениците и од сите избрани функционери, појаснува премиерот Ковачевски.
ССМ апелира до Владата да се намалат функционерските плати за 78 проценти со употреба на европско знаменце и без консултации.
„Предлогот предвидува во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, да се смени член 11“ – велат од Сојузот на синдикати.
Уставниот суд во март годинава донесе одлука за зголемување од 78 проценти на 1050 избрани и именувани лица што предизвика револт во јавноста и кај синдикатите.
Марија Котовска
