енергетика
ЕСМ: Прекин на испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите во населбата Водно
20.10.2023 12:11
Дополнително, ЕСМ снабдување со топлина ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и ќе ја информира јавноста за сите детали...

ЕСМ Дистрибуција на топлина посветено и интензивно работи за решение на прекинот на испорака кај дел од потрошувачите во населбата Водно. Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок.
Дополнително, ЕСМ снабдување со топлина ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и ќе ја информира јавноста за сите детали.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, стои во соопштението од ЕСМ.
