Македонија

Судската администрација не се откажува од барањата

20.10.2023 12:15

Вработените во судската администрација не се откажуваат од барањето за зголемување на платите за 78 насто...

Вработените во судската администрација не се откажуваат од барањето за зголемување на платите за 78 насто исто како кај функционерите и враќање на додатоците на плата од 35 проценти.

Претседателот на синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски за МТВ вели дека ако работната група составена од 5 министри не почнат преговори со нив, од идната недела штрајкот ќе се радикализира.

Нема да се работат ниту итните предмети, што ќе значи парализирање на целото судство.