Тутунопроизводство

Дали намалениот род на тутунот ќе обезбеди повисока цена?

21.10.2023 09:10

Македонското тутунопроизводство е конкурентно на светскиот пазар кој стагнира. Но треба да се решат најголемите проблеми – откупни цени кои ќе ги следат скапите трошоци за производство и да има кој да ја работи оваа индустриска култура која носи девизен прилив...

Конкурентни сме, има место за македонскиот тутун на светскиот пазар. Во светот стагнира производството, особено во соседните земји што треба да го искористиме, сметаат стручњаците. Имаме стандардно производство од 22-3.000 тони, освен поголемото намалување годинава. Најголемиот проблем со право ги мачи тутунарите – ниските откупни цени поради зголемените трошоци на производство. Треба да се следи инфлацијата.

Се наметнува проблемот и со иселувањето зашто нема кој да работи, а се сугерираат и други мерки.

Заврши бербата на годинашнава реколта тутун, се чека откупот

Проценето е дека годинашниов род на тутунот е намален за 30 до 40 проценти. Неизвесно е дали помалиот род ќе обезбеди повисока откупна цена.

 

Елизабета Митреска