Економија

Како до политики за поголем раст?

21.10.2023 17:19

Какви политики треба да се спроведат за да зголеми растот, да се намали инфлацијата. И покрај предупредувањата од светските банкари дека растот е забавен, инфлацијата ќе биде девет насто годинава, власта уверува дека политиките што ги води ќе го подобрат стандардот, а експертите порачуваат трансформацијата на средства за социјална намена на долгорочен план не е решение...

Имаме потенцијал да го користиме европскиот пазар, се пренаменува земјоделско земјиште, се намалува производството на храна, а се трошат многу субвенции за оваа намена. Експертите на иста линија со Светската банка, потребни се поголема трговска интеграција и повеќе инвестиции за да се зголеми потрошувачката. Трансформацијата на средствата само за социјална намена не ги решава долгорочно прашањата, вели професорот Пејковски.

Власта пак, уверува дека со мерките инфлацијата ќе продолжи да паѓа. Според Бесими, под сегашното ниво од 6,6 насто. Нашиот чамец успешно плови во разбрануваното глобално море додека ги санираме штетите од бурата – вели во колумна.

„Создаваме економски раст во услови на економска стагнација кај нашите главни економски партнери и кризи кои не стивнуваат. Водиме прудентна фискална политика со намалување на буџетскиот дефицит, се обезбедуваат средства за поддршка на најранливите категории граѓани и стопанството“, вели Бесими.

Неговите ставови спротивни од прогнозите на Светската банка, која посочува забавен раст од само 1,8 насто, буџетски дефицит од 4,5 проценти и инфлација од девет насто. Предупредува дека ризици ќе демнеат врз динамиката на реформи поради изборите и фискалните потреби да се ублажат трошоците за живот.

 

Александра Велинова