Финансиска едукација за заштита на личните податоци
Финансиските друштва се најмалиот и најдинамичен сектор од финансискиот систем во Македонија, кој од година во година го зголемува своето учество. Ова беше констатирано на тематската прес-конференција во Стопанската комора во кампања за финансиска едукација за заштита на личните податоци...

Најчестите измами со подигнувањето на брзи кредити, користејќи туѓ идентитет, се прават од страна на блиски лица на жртвите. Тие имаат пристап до личните податоци на жртвата, трансакциската сметка или пинот од картичката. Од Стопанската комора и Групацијата на финансиски друштва, велат дека сепак, бројот на измами се намалува.
Финансиските друштва во моментов се најдинамичниот сектор кој постојано го зголемува своето учество, а со својата кредитна активност овозможуваат кредитирање на одредени категории, физички и правни лица кои немаат пристап до традиционалните кредити, велат од Стопанската комора. Додаваат дека 10 до 15 проценти од одобрените средства преку брзите кредити, граѓаните ги наменуваат за лекување.
Моменталното учество на финансиските друштва достигнува до 2% од вкупната актива на финансискиот систем. Тие вработуваат околу 1.300 лица, а годинава ќе платат данок од 10 милиони евра.
Марија Котовска
