РКЕ

Повисоки цени на горивата од полноќ

24.10.2023 14:24

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 84, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 84 денари.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, додека Еуродизел (Д-Е V) поскапува за 2 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 84, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 84 денари.

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89%. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,245%, кај дизелот 3,070%, кај екстра-лесното масло 3,007% и кај мазутот зголемувањето е 1,656%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,147%.