Пчеларство

Субвенции за пчелните матици

26.10.2023 08:25

Пчеларите кои инвестирале во набавка на пчелни матици во период од 1-ви јануари до 30-ти септември 2023 година, можат да поднесат барање за субвенции. Огласот ќе трае до 31-ви октомври. Финансиската поддршка изнесува до 600 илјади денари по корисник …

До 31-ви октомври пчеларите ќе може електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и роеви од одобрени одгледувалишта.

Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 600 илјади денари по корисник.

Барања ќе можат да поднесуваат сите оние кои набавиле матици во приодот од 1-ви јануари до 30-ти септември 2023 година, а право на финансиската поддршка од оваа мерка имаат земјоделците кои се запишани во Регистарот на земјоделски стопанства. Корисниците на средства треба да ги имаат платено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство и долговите кон Јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата и водниот надоместок.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и исполнувањето на другите барани услови.

Секој потенцијален корисник може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.

Аплицирањето е електронски. Барањата-оние со ист број на бодови, се рангираат според датумот и времето на поднесување.

 

Методија Трајков