Трговија

Бектеши размислува за продолжување на мерката „гарантирана цена“, бизнисмените се жалат

26.10.2023 18:11

Производителите и претставници на бизнис секторот негодуваат дека со стапувањето на сила на владината мерка за замрзнување на цените им се намалил прометот и до 30 отсто. На средба со министерот Бектеши бараат намалување на увозната цена на суровините. Министерот најавува дека голема е веројатноста мерката да продолжи и по 30-ти ноември кога истекува во интерес на граѓаните. Сè уште стои на ставот 5 отсто инфлација во прехранбената индустрија и покрај тоа што експертите и Светска банка велат дека е невозможно...

Министерот за економија Бектеши навести продолжување на мерката за замрзнување на цените и по 30-ти ноември. Според него, таа има влијание врз намалување на инфлацијата и е во насока на заштита на стандардот на граѓаните.

И додека Бектеши вели дека целта е да се заштитат граѓаните, претставници на бизнис-секторот бараат укинување на мерката. Се жалат дека им е намален прометот. Тие велат дека имаат проблем и со увозната цена на суровините.

Светска банка предупреди дека со намалени потрошувачка и индустриско производство не може да се очекува повисок економски раст.

 

 

Александра Велинова