Битиќи: Во новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите
Пензионерите ќе бидат опфатени со новиот пакет на антикризни мерки, исто како што беа опфатени минатата година и на почетокот на оваа година преку енергетскиот пакет кои им се нудеше, изјави вицепремиерот Битиќи...

Пензионерите ќе бидат опфатени со новиот пакет на антикризни мерки, исто како што беа опфатени минатата година и на почетокот на оваа година преку енергетскиот пакет кои им се нудеше, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интервју за национална телевизија.
„Имаме закон со кој два пати годишно ги усогласуваме пензиите, со одредена методологија која е соодветна и дава резултати. Дополнително со носењето на новиот закон за минимална пензија ќе го заокружиме целиот процес на реформа и проблемот со пензионерите ќе го оставиме настрана. Со ова, и следната Влада нема да има потреба да се занимава со оваа проблематика“, изјави вицепремиерот Битиќи, притоа дополнувајќи дека постојат и поубави работи за луѓето во третата доба, а за кои ќе треба да се зборува, како што е грижата за нив или домашната нега.
