Пелистер

Ски- центрите чекаат капитални инвестиции

28.10.2023 12:36

Пред нас е новата зимска сезона. Ама, ски-центрите во неа ќе влезат со старите желби за капитални инвестиции...

Со по 30 години реновиран угостителско- сместувачки капацитет, но и сè уште стара патна инфраструктура и ски-центри кои се далеку од европските стандарди, Пелистер ќе влезе во претстојнава зимска сезона. Од ЕСМ „Молика“ велат дека не за долго тие ќе бидат извадени од фиоките.

И за ски-центарот Копанки доаѓаат подобри денови. Како новина за годинава го најавуваат ставањето во функција на системот за ноќно скијање, а главниот приоритет за комплетна понуда, велат ќе се реализира идната година.

Дека ова не е само една од многуте поодамнешни популистички најави, Велјановски тоа го потврдува со почетокот на инвестицискиот циклус на хотелот „Молика“, за прв пат од тридецениското постоење.

Ако за раководството евентуалната реализација и на спа-центарот ќе значи многу во збогатувањето на понудата, за добрите познавачи на прилките, останува констатацијата- Пелистер преку капитални инвестиции ќе донесе отворање на многу нови работни места.

Стевче Митревски