Економија

Бесими: Системско решение и координиран пристап во борбата со сивата економија

27.10.2023 14:00

Ефикасно справување со неформалната економија во нашето општество бара системски пристап и координација помеѓу институциите. На состанокот беше изразена силна волја за справување со оваа појава во нашето општество и беше упатено на потреба од поголема размена на информации и допрецизирање на надлежностите на одредени институции...

Ефикасно справување со неформалната економија во нашето општество бара системски пристап и координација помеѓу институциите. Во таа насока се дефинирани мерките и активностите во Стратегија и Акциски план, а за ефикасна имплементација е формирано меѓуресорско тело и Национален совет за формализирање на неформалната економија, кој денеска ја одржа конститутивната седница, а со која претседаваше министерот за финансии Фатмир Бесими.

Мерките и активностите се насочени во две групи: стимулативни и контролни, но најважно е да работи на јавната свест за да се препознаат придобивките од преминување од неформалниот во формалниот сектор на дејствување, како и на подигнување на даночниот морал.

На состанокот беше изразена силна волја за справување со оваа појава во нашето општество и беше упатено на потреба од поголема размена на информации и допрецизирање на надлежностите на одредени институции.

Националниот совет за формализирање на неформалната економија го сочинуваат 20 членови, претставници на највисоко ниво од институциите во чија надлежност се активностите за намалување на неформалната економија, односно вицепремиер задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, вицепремиер задолжен за политики за добро владеење, министри за економија, информатичко општество и администрација, труд и социјална политика, земјоделство, шумарство и водостопанство, животна средина и просторно планирање, транспорт и врски, првите луѓе на Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Централен регистар на РСМ, Инспекциски совет и Државниот завод за статистика и гувернерот на Народната банка на РСМ. Националниот совет за следење на напредокот на спроведување на мерките и активностите ќе се состанува на квартално ниво.