Браната „Калуѓерица“ и патот до Скопје го кочат развојот на Македонски Брод
Македонски Брод и жителите упорно укажуваат и не се откажуваат. Да се симне котата на браната „Калуѓерица“ и да се скрати патот до Скопје кој поради „Јасен“ двојно го зголемува патувањето до метрополата и го уназадува регионот…

Да се симне или избрише котата на браната „Калуѓерица“ во Македонски Брод и да се скрати патот до Скопје. Ова се два најголеми проблеми кои го кочат економскиот развој на овој град од поречието. За локалните власти и граѓаните, со подигнувањето на браната Козјак, нема смисла постоењето на браната „Калуѓерица“.
Со отворањето на просторниот план на Македонија, сега е моментот да се направи нешто, сметаат во Македонски Брод.
Голем проблем за развојот е и патот Македонски Брод-Скопје. Наместо да се патува 80, сега се патува 150 до 160 километри. Тој пат сè уште е со режим поради „Јасен“. Обесхрабрува што годинава не е во програмата на Владата за изработка на проект.
Потребата од инфраструктура и во целата општина е клучна и за организиран откуп, производство и преработка на костени чии производи ќе се пласираат во земјава и во странство.
Елизабета Митреска
