Енергетика

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ја соопшти новата цена на парното

30.10.2023 09:10

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ја соопшти цената на парното. Денеска ќе биде одржана подготвителна седница. Според Бислимовски, нема да има ценовни шокови...

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ја соопшти цената на парното. Денеска ќе биде одржана подготвителна седница. Според Бислимовски, нема да има ценовни шокови.

Во интервју за национална телевизија, истакна дека не верува оти ќе има поголемо зголемување од 5 проценти, што би значело плус 50 до 60 денари на сметките. Оваа цена ќе важи до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас.