Македонија

Компаниите платиле околу 32 милиони евра во Буџетот за солидарен данок

30.10.2023 12:48

Само две третини од компаниите ја подмириле обврската за уплата на солидарен данок. За преостанатите според најавите од владата, ќе следуваат казни во износ од 1.800 до 20 илјади евра...

Околу 90 компании го испочитувале законскиот рок до 25-ти октомври да ги уплатат дополнителните средства што ги предвидува Законот за солидарен данок, или само две третини. Бизис-секторот го оспори пред Уставен суд. Во иницијативата се бара времена мерка поради кратките рокови кои им се дадени во законот. Велат не се против солидарност, туку против постапката на носење на законот и критериумите.

Парите од солидарниот данок, според најавите од Владата, ќе се искористат за спроведување на антикризните мерки кои беа најавени уште во август, но сè уште се во подготовка. Солидарниот данок ги опфаќа компаниите кои минатата година имале промет од над 10 милиони евра, а зголемувањето на добивката е за 20 отсто во однос на просекот од претходните три години, односно 2018, 2019 и 2020 година. Казните за непочитување на законот се движат од 1.800 до 20 илјади евра.

 

 

Александра Велинова