економија
РКЕ денеска ќе ја објави новата цена на парното
31.10.2023 08:16
Ценовни шокови ќе нема, можно е минимално поскапување, уверува првиот човек на Регулаторна, Бислимовски...

Денеска би требало да се знае колку ќе поскапи цената на парното. Ценовни шокови ќе нема, можно е минимално поскапување, уверува првиот човек на Регулаторна, Бислимовски. Од Комисијата досега неколку пати апелираа да продолжат субвенциите за топлинска енергија.
Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“.
