Под мотото„Среќата е во малите чекори“ се одбележува Светскиот ден на штедењето
Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври, денеска ќе биде одбележан со настани во организација на финансиските институции и банките.

Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври, денеска ќе биде одбележан со настани во организација на финансиските институции и банките.
Покрај традиционалниот настан во организација на Македонската банкарска асоцијација, активност има и Халк Банка, која во Градски парк во Скопје ќе одржи настан „Среќата е во малите чекори“. Програмата којашто ќе започне од 13 часот и ќе трае до после 18 часот ќе содржи работилници, музички делови, како и промоција и доделување на детски штедни книшки.
Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 година, во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедење организиран во Милано, во Италија.
