Ангеловска-Бежоска: Депозитите на домаќинствата се зголемени за 20%, граѓаните имаат доверба во банките
Депозитите на домаќинствата, од пандемијата досега, се зголемени за 20%. Граѓаните им имаат доверено 340 милијарди денари на банките – се одбележува Светскиот ден на штедењето...

Депозитите на домаќинствата, од пандемијата досега, се зголемени за 20%. Во моментов граѓаните им имаат доверено 340 милијарди денари на банките, наведува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод на Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври.
Кај штедењето на населението се забележуваат поволни структурни промени, при што учеството на денарските во вкупните депозити на домаќинствата има нагорен тренд и изнесува околу 48%. растат и долгорочните депозити на домаќинствата и во моментов се на највисокото ниво во последните десетина години.
Фактот што депозитите кај банките растат, и покрај мноштвото надворешни шокови, какви што имало само еднаш во изминатите сто години, е потврда за високата доверба којашто ја има населението во банкарскиот систем, посочуваат од НБРМ.
