Сметките за парно ќе бидат повисоки за 4,5 отсто
Над 57 илјади потрошувачи во Скопје ќе добиваат сметки за парно повисоки за 4,5 проценти. Регулаторна ја соопшти новата цена...

Топлинската енергија од ТЕ-ТО е двојно поевтина отколку онаа од другите топлани. Носењето на одлуката било исклучително тешко, бидејќи требало да се врати позајмицата на Владата од шест милиони евра, дадена во јануари 2022 година. Владата се согласила да не се вратат сите средства одеднаш, туку само 35%. Во однос на побараните трошоци од компаниите, РКЕ признала пет милиони евра помалку. Иднината на системот за топлинска енергија во градот Скопје е една мрежа и една цена за сите потрошувачи, вели Бислимовски.
Над 57 000 потрошувачи во Скопје се снабдуваат со топлинска енергија. Изминатиов период се соочивме со најскапа цена на гас откако постои независна Македонија, но сепак, РКЕ успева да одржи ценовна стабилност, вели Бисломовски.
Александра Велинова
