Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле правото
Министерството за образование и наука информира дека од денес отворена е можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои поради каква било причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици...

Министерството за образование и наука информира дека од денес отворена е можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои поради каква било причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици. Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 7-ми ноември.
По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменската студентска Visa картичка за субвенциониран оброк.
Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
Студентите кои ќе го остварат ова право, средствата во износ од 140 денари дневно можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Потсетуваме дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1-ви до 7-ми, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради каква било причина, стои во соопштението од МОН.
