Загубата од одлуката за Чебрен е неколкукратна, велат експертите
Дел од експертите се против одлуката странци да го градат Чебрен. Велат се потценува македонскиот стручен кадар. Граѓаните ќе го отплаќаат проектот речиси седумдесет години, а профитот ќе оди надвор. Од власта со став дека ова е државна политика од деведесеттите …

Изградбата на Чебрен – штетна одлука или неопходно решение? За експертите од МАНУ, имплементацијата на овој проект е единствено исполнување на целите за декарбонизација за кои земјава се заложила преку меѓународни договори.
Професорот Константин Димитров вели, пред парламентарни избори непристојно е да се да се донесе одлука за објект којшто ќе треба да го користиме 70 години.
Наспроти мислењето на експертите дека загубата за ваквата одлука е неколкукратна, бидејќи граѓаните ќе го отплаќаат проектот речиси седумдесет години, а профитот ќе оди надвор, од владата со став дека ова е државна политика од деведесеттите.
Панел дискусијата доаѓа по неколкуте протести на енергетичари под мотото „Чебрен и водите мора да бидат македонски“.
Катерина Топалова
