Енергетика

Битола добива парно греење

03.11.2023 16:54

Топловодот од РЕК стигна до Битола. Означен е почетокот на активностите за изградба на градската мрежа. Први ќе се приклучат државните институции – загадувачи, потоа домаќинствата. Инвестицијата изнесува 46 милиони евра…

По 40 години постоење на РЕК Битола конечно старата приказна за топлификација е пред портите на градот. Во следните 18 месеци во Битола треба да биде изградена 11- километарска топлификациска мрежа која на почетокот ќе ги опфати институциите кои се големи аерозагадувачи и трошат енормни количини електрична енергија.

Од АД ЕСМ и Топлификација велат дека со имплементацијата на овој проект ќе се зголеми електроенергетскиот потенцијал и безбедноста на дистрибутивната мрежа.

Обезбедивме иднина на топлификацијата без разлика на каков ресурс ќе работи РЕК Битола. Комбинатот е највисок владин приоритет во плановите за неговата зелена транзиција, порача премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека со ваквата транзиција вработените не треба да стравуваат за својата иднина, туку напротив ќе се отвори една друга иднина за студентите од соодветните насоки.

Стевче Митревски