Битола

15 млади од рурална Пелагонија се стекнаа со вештини за успешен бизнис план

05.11.2023 15:05

Проект за развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина „Fast forward“ имплементиран од здружението „Про локал“ со поддршка од Општина Битола и америчка амбасада, обучи 15 млади луѓе од рурална Пелагонија, како од идеја да развијат успешен бизнис план, кој понатаму ќе им овозможи да станат млади претприемачи и да започнат сопствен бизнис во својата држава …

Ролетни со фотоволтаици, протеинска исхрана, чистење индустриски објекти, модна линија со етноелементи се само дел од идеите кои станаа бизнис планови за младите од рурална Пелагонија.

20 годишниот Михаил Стефковски од Демир Хисар, е еден од учесниците во проектот. Вели, за време на короната многу луѓе започнаа да планинарат, во Македонија нема ниту една продавница, која продава опрема за аматерско планинарење, од таму се роди и идејата за ваков бизнис.

Од здружението „Про локал“ велат, проект разбуди интерес кај младите, кои имаат иновативни идеи и силна желба и да започнат свој приватен бизнис. По едногодишна работа, 15 млади се обучени за донесување одлуки за деловно планирање, пазарна валидација на бизнис идеи и развивање бизнис план.

Со ваквите проекти на младите им се овозможува да ги зајакнат претприемачките капацитети, да придонесат за развој на локалната економија исто така би се намалило иселувањето и младите би останале да работат во својата земја.

 

Александра Максимовска