Недостиг на работна сила и вештини
Новото време налага нови вештини и професии. Компаниите не можат да најдат работна сила бидејќи кадарот нема работно искуство и вештини-велат од Стопанската комора. Некои професии и занаети се на изумирање, а се повеќе ќе има потреба од професии кои можат да одговорат на дигиталната и зелената транзиција. Со овој проблем се соочуваат и европските земји според Европската комисија па следните 10 годините ќе финансираат проекти за развивање на вештини.

Градежните работници, здравствените и ИТ инженери се најдефицитарните професии во земјава.
Компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила со работно искуство и вештини, што влијае на продуктивноста на компаниите, ова пак на развојот на економијата – велат од Стопанската комора.
Новото време налага нови вештини и професии кои можат да одговорат на дигиталната и зелената транзиција. Некои занаети се на изумирање како столарството. Во фокусот е стручното образование, квалификации кои ќе можат да одговорат на климатските промени, енергетската ефикасност и органско производство.
Со овој проблем се соочуваат и европските земји според Европската комисија, па следните 10 годините ќе финансираат проекти за развивање на вештини. Во земјава само 2,5 отсто од работната сила учествувала во развивање на вештините.
Александра Велинова
