Бектеши на средба со новоименуваниот австриски амбасадор Памер
На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.
На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива.
Во последните 20 години Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во Северна Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена.
Вкупната трговска размена во периодот јануари – август 2023 година изнесува 170 милиони евра, што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период минатата година.
Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласија дека согласно податоците, има голем простор за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Министерството за економија.
