Јавен повик

Евиденција на локални акциски групи

09.11.2023 08:48

Објавен е јавен повик за запишување на локални акциски групи или така наречените лагови. Се работи за посебна форма на здружување на најмалку две рурални општини, бизнис секторот и локалното население. Лаговите треба да подготвуваат стратегии за развој според потребите на жителите на регионот од областа на животниот стандард и на работењето...

На јавниот повик право на учество имаат ЛАГ-те основани како трговско друштво, задруга или здружение на граѓани на една територијална целина со населени места од најмалку 5.000 до најмногу 100.000 жители.

ЛАГ-от е јавно-приватно партнерство меѓу минимум 2 соседни рурални општини, физички и правни лица или здруженија на граѓани со седиште во општините.

Задача на ЛАГ-от е да го координира развојот на локалните селски подрачја. Да идентификува, креира и спроведува стратегии за развој и да ги извршува одлуките за распределба и да управува со финансиските средства. За да може Локалната акциска група да биде финансиран од националната програма за рурален развој и од други извори мора да е евидентирана во ресорното Министерство.

Рокот за доставување на барањата за запишувањето во евиденцијата е 30 дена од објавувањето на јавниот повик.

Постапката за запишувањето на ЛАГ-овите во регистарот ја спроведува комисија од Министерството за земјоделство.

 

Методија Трајков