УЈП

130 компании досега платиле солидарен данок

09.11.2023 12:48

Собрани се речиси 3,3 милијарди денари. Истекува рокот до 24-ти ноември што даночниците им го дадоа на фирмите што ја имаат оваа обврска, пред да бидат ставени под блокада...

130 компании од 156 досега платиле солидарен данок, информира Управата за јавни приходи. Собрани се речиси 3,3 милијарди денари.

Истекува рокот до 24-ти ноември што даночниците им го дадоа на фирмите што ја имаат оваа обврска, пред да бидат ставени под блокада. Остануваат уште 26.

УЈП кажа и дека 5.428 работодавачи доцнат со исплата на платите. 700 се веќе блокирани.