Економија

Битиќи: Расте бројот на домашни компании кои се охрабрени да инвестираат

10.11.2023 13:22

Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции поддржани со 100 милиони евра, некаде околу 20 проценти.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи ја посети компанијата Тиамо од Скопје со главна дејност-преработка и конзервирање на месо. Таа е една од стотиците компании кои Владата ги поддржува преку Законот за финансиска помош на инвестиции, кој има за цел да ги стимулира домашните компании да инвестираат во нашата земја.

Битиќи рече дека секојдневно расте бројот на домашни компании кои преку ЗФПИ се охрабрени да инвестираат, и до сега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции поддржани со 100 милиони евра, некаде околу 20 проценти.

Само во Скопскиот Регион поддржани се 181 компании кои до денес имаат добиено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за нивните инвестициски циклуси, кои креираа нови работни места за нашите граѓани. На довербата ние ќе возвратиме со измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за загарантирана 100% исплата кон секоја компанија, за да исплатата на поддршката не зависи од нечија волја, изјави Битиќи.