Бранот на затворање фирми ќе продолжи
Бројот на компании кои се затвораат се зголемува, профитабилната слика е многу лоша за оваа година, велат од Сојузот на стопански комори. Со замрзнувањето на цените се намалува потрошувачката, што има далекусежни последици…

Владата со вонекономски мерки ги држи замрзнати одредени производи, но тоа не значи дека тие нема да растат понатаму. Со владините влијанија се намалуваат понудата и потрошувачката, населението осиромашува и се контрахира економската динамика. Тоа ќе влијае и на инфлацијата, но и на БДП – вели универзитетскиот професор Јован Пејковски.
Бројот на компании кои се затвораат се зголемува, профитабилната слика е многу лоша за оваа година. Со замрзнувањето на цените се намалува потрошувачката што има далекусежни последици. Осиромашувањето на стопанството значи дезинвестирање, отпуштање на вработени и затворање на компании-велат од Сојузот на стопански комори.
Секоја година слушаме дека ќе има зголемување на капиталните инвестиции, но имаме само зголемување на бројот на затворени компании. Ако минатата година имало за 14 отсто повеќе затворени фирми, овој бран ќе продолжи и следната година. Странските фирми не сакаат да работат во услови на со нарушени економски параметри и непредвидливи економски текови и се повлекуваат од македонскиот пазар-вели потпретседателот на ССК, Ромео Костадинов.
Александра Велинова
