• Свет 27.09.2026 12:28

    Средба Лавров-Вадефул, прва од почетокот на војната во Украина

    Средба на германскиот и рускиот министер за надворешни работи Вадефул и Лавров во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, прва од почетокот на војната во Украина. Односите меѓу Москва и Берлин дополнително ескалираа по инцидентот со дрон на аеродромот во Лајпциг.

  • Свет 27.09.2026 11:02

    Иран ќе чека официјален одговор од САД за последниот предлог

    Иран соопшти дека ќе чека официјален одговор од американските преговарачи откако претседателот Трамп го отфрли предлогот за повторно отворање на Ормускиот теснец за комерцијален и поморски сообраќај во рок од 7 дена.

  • Свет 26.09.2026 19:50

    Трамп го отфрли иранскиот предлог, дипломатските разговори продолжуваат

    Американскиот претседател Трамп го отфрли иранскиот предлог доставен преку катарските посредници во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.

  • Свет 26.09.2026 18:24

    Масовен протест во Мадрид поради состојбата со мигрантите во Сеута

    Масовен протест во Мадрид против начинот на кој владата се справи со состојбата во шпанската енклава Сеута. Беше организиран од конзервативните партии под мотото „За достоинство и одбрана на Шпанија“.

  • Свет 26.09.2026 13:42

    Големи поплави во Тајланд

    Монсунските дождови кои неколку дена се интензивни, предизвикаа големи поплави во Тајланд. Десетици жители се евакуирани во Банкок, а поплавите кои се проширија и во централните и источните делови целосно го блокираа сообраќајот.

  • Свет 26.09.2026 11:47

    Нов бран руски напади врз Украина

    Најмалку седум лица загинаа, а десетици се ранети откако руските сили извршија нов бран воздушни напади врз украинската престолнина.

    Со беспилотни летала биле погодени се станбени и деловни објекти во Киев.

  • Свет 26.09.2026 10:39

    Трамп го одби предлогот на Иран

    Техеран доставил предлог за седумдневно запирање на регионалните судири, повторно отворање на Ормускиот теснец и обновување на преговорите за нуклеарната програма, доколку Вашингтон ги прифати иранските услови, но претседател Трамп не го прифатил планот.

  • Свет 25.09.2026 20:48

    Вашингтон и Пекинг бараат нов баланс во односите

    Вашингтон и Пекинг работат на нов баланс во односите. Претседателите на САД и Кина, Трамп и Џјинпинг, демонстрираа подготвеност за продолжување на дијалогот и избегнување нова ескалација. Најконкретен исход од тридневната посета е продолжувањето на трговското примирје за уште два месеца.

  • Свет 25.09.2026 17:00

    Иран му предложи на Вашингтон план од седум дена за повторно отворање на Ормуската Теснина

    Техеран и Вашингтон бараат излез од застојот во преговорите во Њујорк. Иран нуди седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец и продолжување на нуклеарните разговори, доколку Вашингтон ги прифати неговите услови. Одлуката е во рацете на САД – порача иранскиот претседател.

  • Свет 25.09.2026 12:24

    Руски напади врз Украина, дронови го нарушија воздушниот простор на Молдавија

    Жртви и повредени во ноќните руски напади врз Киев, Одеса и Запорожје. Оштетен е и медицински објект. Украинските сили удрија врз руска рафинерија во Ростовската област. Четири дрона го нарушиле и воздушниот простор на Молдавија. Еден се урнал и експлодирал во близина до селото Черница.

Pages