Севернокорејскиот министер за надоворешни работи го одби предлогот на неговиот јужнокорејски колега за преговори меѓу Пјонгјанг и Сеул, оценувајќи дека „не е доволно искрен“.
-
Свет 07.08.2017 15:24
-
Свет 07.08.2017 13:13
По топлотниот бран, освежување со поројни дождови
Освежување со значителен пад на температурата и поројни дождови пристигна во западните делови на Балканскиот Полуостров. Сараево беше погодено од пороен дожд, врнежи имаше и во Загреб, а делови од Словенија беа погодени од град.
-
Свет 07.08.2017 12:20
Две жртви во напад врз воена база во Венецуела
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека двајца напаѓачи биле убиени, а осуммина ранети во напад врз воена база во Венецуела. Мадуро изјави дека дваесетина мажи упаднале во базата Парамакај, околу четири часот изутрината по локално време.
-
Свет 07.08.2017 11:54
Најмалку 11 загинати во напад врз црква во Нигерија
Најмалку 11 лица загинале, а 18 биле ранети, при напад врз црква во југоисточниот дел на Нигерија. Полицијата соопшти дека напаѓачите најверојатно сакале да убијат локален жител, кој во тој момент воопшто не се наоѓал во црквата.
-
Свет 07.08.2017 11:14
Тилерсон: САД и Русија можат да ги решат проблемите
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон рече дека САД се подготвени да соработуваат со Русија и дека не е потребно влошување на односите меѓу двете земји.
-
Свет 04.08.2017 16:21
Напад врз шпанската амбасада во Каракас
Венецуелските власти соопштија дека Шпанската амбасада во Каракас била погодена со повеќе експлозивни направи од домашна изработка. Според обвинителството две лица на мотор фрлиле врз амбасадата повеќе направи, опишани како бензински бомби.
-
Свет 04.08.2017 15:07
Северна Кореја: Санкциите на САД се кривично дело
Севернокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека официјален Пјонгјанг смета дека најновиот американски закон, со кој се засилуваат санкциите кон Северна Кореја се кривично дело и дека со тоа директно се прекршуваат повелбата на Обединети нации и меѓународното право.
-
Свет 04.08.2017 12:56
Високи температури во повеќе делови низ Европа
Австрија во изминатите денови се соочува со високи температури, што негативно влијае врз земјоделството, а среде сушата и жешкото време забележан е и помор на риби во австриските реки. Водата во некои делови се загрева и до 25 степени, што го намалува количеството кислород.
-
Свет 04.08.2017 12:18
Уапсен програмерот што го блокира вирусот „Вонакрај“
Британскиот експерт за кибер безбедност Маркус Хачинс, кој успеа да го запре ширењето на вирусот „Вонакрај“, бил упасен во Лас Вегас.
-
Свет 04.08.2017 12:01
Туск: Европската иднина на Полска е несигурна
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск смета дека европската иднина на Полска е несигурна. Туск, кој е поранешен полски премиер, рече дека ги разбира стравовите на Полјаците, за судовите и за иднината на земјата во Европска унија.










