• Свет 05.02.2018 10:19

    Тилерсон: План за ограничување на увозот на нафта од Венецуела

    Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД и натаму размислуваат за можностите за ограничување на увозот на нафта од Венецуела.

    За време на посетата на Аргентина, Тилерсон додаде дека целта е да се изврши притисок за да запре кризата во таа јужноамериканска земја.

  • Свет 04.02.2018 11:24

    Ердоган во прва посета на Ватикан

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.

  • Свет 02.02.2018 15:23

    75 години од битката за Сталинград

    Со голема парада некогашниот Сталинград, денес познат како Волгоград ја одбележува 75 годишнината од крајот на битката за негово ослободување од нацистите.

    Според многумина, оваа битка била една од најзначајните во Втората Светска војна.

  • Свет 02.02.2018 12:42

    Јужна Африка: Сите 955 рудари извлечени на површина

    Сите 955 рудари кои беа блокирани под земја во рудникот „Беатрикс“ за злато во Јужноафриканската Република биле извлечени на површина.

  • Свет 02.02.2018 11:27

    Уште една оставка во Стејт Департментот

    Третиот по ранг дипломат во Стејт Департментот, потсекретар за политички прашања Томас Шенон поднесе оставка по речиси 35 години служба, со што им се придружи на низата колеги кои се одлучија на таков чекор по доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп.

  • Свет 02.02.2018 11:07

    Пет мигранти застрелани во Кале

    Четворица мигранти се во критична состојба, откако биле застрелани, а над десет се повредени по судирите меѓу Авганистанци и Африканци во северниот француски пристанишен град Кале.

    22 лица биле пренесени во болница, од кои неколкумина се во сериозна состојба.

  • Свет 02.02.2018 10:23

    Тројца повредени во експлозија во Анкара

    Три лица биле повредени при експлозија во зградата на даночната управа во турскиот главен град Анкара. Повредените се припадници на службата за обезбедување на објектот.

  • Свет 01.02.2018 14:11

    Преполовен бројот на баратели на азил во ЕУ

    Бројот на лица кои во 2017 година побарале меѓународна заштита во Европа е намален за речиси 50 насто во однос на претходната година. Европската канцеларија за поддршка на азил прецизира дека повеќето од барателите на азил биле Сиријци.

  • Свет 01.02.2018 13:08

    Мјанмар: Откриени пет масовни гробници со муслимански Рохинџи

    Во Мјанмар се откриени пет досега непознати масовни гробници во кои биле закопани стотици масакрирани муслимани Рохинџи.

  • Свет 01.02.2018 12:45

    Објавена листа на осомничени терористи во Италија

    Интерпол објави имиња на 50 лица за кои постои сомнеж дека се борци на исламска држава, а кои неодамна пристигнале во италија.

    Сите осомничени што се на листата се по потеколо од Тунис, некои од нив и се идентификувале кога пристигнале во Италија.

Pages