Најмалку 19 луѓе загинале, а 247 се повредени во земјотресот со сила од 7 степени по Рихтер, што ги погоди планинските делови на Сечуан, на југозападот од Кина.
-
Свет 09.08.2017 12:27
-
Свет 09.08.2017 11:34
Вербални закани меѓу Вашингтон и Пјонгјанг
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека Северна Кореја ќе се соочи со „оган и гнев каков што светот не видел досега“ доколку повторно им се закани на САД, на што Пјонгјанг одговори дека „внимателно разгледува“ план за напад врз американската пацифичка територија Гуам.
-
Свет 09.08.2017 11:27
Силна експлозија во бизнис зграда во Подгорица
Експлозивна направа со силна разорна моќ во текот на ноќта експлодирала во бизнис зграда во Подгорица.
Нема жртви, но била предизвикана голема материјална штета, искршени се стакла на околни згради и оштетни се неколку автомобили.
-
Свет 09.08.2017 10:57
Силен земјотрес во централна Кина
Силен земјотрес со сила од 7 степени по Рихтер ги погоди централните делови во Кина. Медиумите јавуваат дека има најмалку 13 загинати, од кои шестмина се туристи, додека пак, властите стравуваат дека бројот на загинати изнесува над сто луѓе.
-
Свет 08.08.2017 16:24
Силен земјотрес ги погоди Грција и Турција
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Кос и блиското турско крајбрежје. Според грчкиот Иниститут за геодинамика, земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 38 километри североисточно од островот Кос.
-
Свет 08.08.2017 13:04
Контаминираните јајца продавани во најмалку 7 земји
Европската унија соопшти дека јајцата заразни со штетниот инсектицид Фипронил биле продавани во најмалку седум земји, што значајно го проширува географскиот простор на скандалот со продажба на неисправни производи.
-
Свет 08.08.2017 12:39
ОН ќе продолжат со потрага по хемиско оружје во Сирија
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го информира Советот за безбедност на светската организација дека е планирано да продолжи проверката на објектите во Сирија во кои се претпоставува дека има хемиско оружје.
-
Свет 08.08.2017 12:10
Пред три години изведени првите напади врз ИД
На денешен ден пред три години меѓународната коалиција ги изврши првите напади врз Исламска држава. Според Пентагон, неизбежниот пораз на ИД е само прашање на време.
-
Свет 08.08.2017 11:47
Венецуела: Опозицијата повика на протести во целата држава
Венецуелската опозиција повика на протести во целата земја против владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро. Пратениците ги повикаа венецуелците попладне да излезат од домовите и работните места на улиците и да го блокираат сообраќајот во целата земја.
-
Свет 08.08.2017 10:28
Ердоган: Германија им помага на терористите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Германија дека им помага на терористите, затоа што, како што рече, Берлин не дава одговор на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти.










