Бундестагот реши да ги повлече своите трупи од воздухопловната база Инџирлик во Турција, откако Анкара не дозволи германски пратеници да ги посетат војниците.
За таа одлука гласаше мнозинството од пратениците, но имаше и воздржани и против.
Бундестагот реши да ги повлече своите трупи од воздухопловната база Инџирлик во Турција, откако Анкара не дозволи германски пратеници да ги посетат војниците.
За таа одлука гласаше мнозинството од пратениците, но имаше и воздржани и против.
Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени се главните теми за кои ќе расправаат шефовите на државите и владите на членките на ЕУ на нивната дводневна средба што почнува денеска во Брисел.
Топлотен бран на европскиот контитнент. За британската престолнина, ова е најжешкиот јуни од 1976 година, а Португалија се бори со смртоносен шумски пожар. Над 1000 пожарникари се уште се обидуваат да ја запрат огнената стихија во централниот дел од земјата во која загинаа 64 луѓе.
Саудискиот крал Салман, го прогласи својот син, 31-годишниот принц Мохамед бин Салман за наследник на престолот на местото на својот роднина, принцот Мохамед Бин Најеф.
Осомничениот напаѓач на централната железничка станица во Брисел е идентификуван како 36-годишен Мароканец од област позната по голем број џихадисти. Одамна и бил познат на полицијата, но никогаш не бил поврзан со слуачи на тероризам.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го објави составот на новата влада. Министерот за правда Франсоа Бејру даде оставка, со што стана третиот француски министер кој си замина од функцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Петро Порошенко разговарале за можностите за мирно решавање на кризата во источна Украина, плановите за реформи и за борбата со корупцијата.
Централната железничка станица во Брисел е повторно отворена за сообраќај и патници, откако еден човек предизвика експлозија со низок интензитет, пред да биде застрелан и убиен од белгиските војниците. Терористичкиот чин се случил меѓу главната сала и платформите три и четири на станицата.
Бегалските семејства во источен Берлин се сместени во над 60 стана. Повеќето се од Авганистан, Ирак и Сирија, но има бегалци и од Саудиска Арабија, Косово и од Иран. 37-годишниот Калаф Дарвиш е од Ирак, а во Германија живее веќе година и пол. Со него се и сопругата и седумте деца.
Лицето кое со автомобил Рено Меган удри во комбе на жандармеријата на Елисејските полиња во Париз, починало речиси веднаш по судирот, при што се запалил неговиот автомобил. Министерот за внатрешни работи Жерар Коломб, кој го посети местото, зборуваше за „обид за атентат“.