Словенија упати дипломатска нота до Хрватска, апелирајќи да ја спроведе одлуката за границата, донесена од Арбитражниот суд во Хаг.
-
Свет 04.07.2017 12:08
-
Свет 04.07.2017 10:47
Макрон ја укинува вонредната состојба
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја укине вонредната состојба којашто беше воведена по нападите во Париз во 2015 година во кои загинаа 130 луѓе.
-
Свет 04.07.2017 10:19
Северна Кореја истрела проектил кон Јапонија
Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонија. Летањето траело 40 минути и крајната цел можела да биде и ексклузивната економска зона во Јапонија, но ракетата паднала в море.
-
Свет 03.07.2017 14:56
Франција: Уапсен маж кој планирал убиство на Макрон
Француската полиција уапсила едно лице кое планирало да го убие претседателот Емануел Макрон на воената парада на 14-ти јули.
-
Свет 03.07.2017 14:10
Меркел ја почна кампањата за парламентарните избори
Германската канцеларка Ангела Меркел ја почна кампањата за парламентарните избори. Се надева на четврта победа и нов мандат.
-
Свет 03.07.2017 12:48
Доха има уште 48 часа да ги прифати условите на Саудиска Арабија и сојузниците
Саудиска Арабија и трите сојузнички земји кои ги прекинаа врските со Катар поради наводна поддршка на исламистичките групи и подобрувањето на односот со Иран решија да и дадат на Доха уште 48 часа за прифаќање на нивните услови. -
Свет 03.07.2017 12:21
Протести во Хамбург пред самитот на Г20
Илјадници демонстранти излегоа на мирен протест во Хамбург против климатските и трговските политики на главните економии во светот чијшто самит ќе се одржи во овој германски град неделава.
-
Свет 03.07.2017 12:03
Најмалку 14 загинати при напад врз бегалски камп во Ирак
14 луѓе загинаа, а 13 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во камп за раселени лица во ирачката провинција Анбар.
Повеќето жртви се деца и жени, а убиени се и двајца припадници на безбедносните сили. Засега никој не презеде одговорност за нападот.
-
Свет 03.07.2017 11:38
Осуммина ранети крај џамија во Авињон
Осум луѓе се ранети во вооружена престрелка крај џамија во Авињон, јужна Франција. Инцидентот се случил по вечерната молитва. Напаѓачите се во бегство.
-
Свет 03.07.2017 10:42
Саудиска Арабија и сојузниците го продолжија ултиматумот за Катар за 48 часа
Саудиска Арабија и трите сојузнички земји кои ги прекинаа врските со Катар поради наводна поддршка на исламистичките групи и подобрувањето на односот со Иран одлучија да и дадат на Доха уште 48 часа за прифаќање на нивните услови.










