• Свет 30.06.2017 14:41

    Исламска држава под опсада во Рака

    Силите поддржани од САД, ја држат под опсада Исламска држава во градот Рака. Од Сирија доаѓаат неверојатни снимки. Повеќе од 80 мажи и момчиња повторно се со своите фамилии, откако ја отслужиле затворската казна поради тоа што се бореле на страната на Исламска држава.

  • Свет 30.06.2017 14:03

    Германија ги легализира истополовите бракови

    Германскиот Бундестаг усвои закон со кој во Германија се легализираат истополовите бракови.

  • Свет 30.06.2017 13:42

    Објавена снимка од смртта на Ал Багдади

    Иранска телевизија синоќа објави инсерти со кои се потврдува смртта на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр Ал Багдади.

    На сајтот на ИРИБ се посочени две снимки од телото на Багдади и две кога бил жив.

  • Свет 30.06.2017 13:12

    Не стивнуваат немирите во Каракас

    Не стивнуваат немирите на улиците на главниот град на Венецуела, Каракас. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

  • Свет 30.06.2017 10:46

    Нема драстични промени во надворешната политика на САД

    САД и арапските држави се за пораз на Исламската држава и спречување на влијанието на Иран на Блискиот Исток. Државите од регионот го поддржаа и последното американско предупредување до Сирија дека нов хемиски напад ќе резултира со воена интервенција.

  • Свет 29.06.2017 14:19

    Ирачката војска ја презеде контролата врз големата џамија во Мосул

    Ирачката војска соопшти дека ја преземала контролата врз големата џамија во мосул која беше урната од Исламска држава, минатата недела. На 21 јуни милитантите ја кренаа џамијата во воздух и минарето кое беше старо 800 години.

  • Свет 29.06.2017 13:30

    Благајникот на Ватикан обвинет за сексулно насилство

    Светата столица ја тресе скандал. Австралиската полиција поднесе обвинение против главниот благајник и одговорен за финансиите на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел. Се товари за сексуално насилство. Полицијата соопшти дека се работи за повеќе пријави, но не откри други детали.

  • Свет 29.06.2017 13:04

    Силно невреме во Хрватска

    По вчерашниот жежок и спарен ден, делови на Хрватска синоќа беа зафатени од силно невреме, пропратено со силен ветер, грмежи и со пороен дожд. Била регистрирана и појава на град со големина на орев во реонот на Сисак и Велика Горица.

  • Свет 29.06.2017 12:00

    НАТО испраќа дополнителни сили во Авганистан

    Петнаесет држави од НАТО соопштија дека ќе испратат дополнителни сили во авганистан, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

  • Свет 29.06.2017 11:53

    Главниот финансиски советник на Папата Франциско обвинет за неколку сексуални деликти

    Главниот финансиски советник на Папата Франциско, австралискиот Кардинал Џорџ Пел, е обвинет за неколку сексуални деликти. Двајца 40-годишни рекле дека кардиналот во 70-тите години ги допирал на неприкладни места во базен.

Pages