• Свет 22.10.2015 14:27

    Нигерија: Најмалку 20 жртви во напад на Боко Харам

    Најмалку 20 луѓе се убиени при напад на екстремистичката група Боко Харам во североисточната нигериска држава Борно.

    Екстремистите нападот го извршиле врз неколку патници во автомобили на локален пат.

    Од нападите на Боко Харам досега 17.000 луѓе го загубиле животот.

  • Свет 22.10.2015 14:15

    Путин со рекорден рејтинг

    Претседателот Владимир Путин со рекорден рејтинг во Русија. Според податоците на истражувањето на јавното мислење на Социолошкиот центар во Москва, Путин го поддржале 89,9 испитаници.

  • Свет 22.10.2015 14:14

    Штајнмаер: Бегалската криза не смее да предизвика конфликт меѓу балканските земји

    Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, предупреди дека не смее да се дозволи бегалската криза да предизвика несосогласувања и конфликти меѓу Балканските земји.

  • Свет 22.10.2015 13:16

    Драма во училиште во Шведска, маж со мачета нападнал ученици

    Инцидент во училиште во градот Тролхетан во Шведска. Четири ученици и еден маж се повредени, откако маж со мачета влегол во училиштето за време на наставата.

    Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека има голем број повредени.

  • Свет 22.10.2015 12:16

    Оланд во дводневна посета на Грција

    Францускиот претседател Франсоа Оланд во придружба на четворица министри е во дводневна посета на Грција. Според локалните медиуми, официјална Атина од посетата очекува да ги зајакне односите меѓу двете земји.

  • Свет 22.10.2015 11:54

    Средба Лавров- Кери утре во Виена

    Министерот за надворешни работи на Русија, Лавров в петок во Виена ќе има средба со државниот секретар на САД, Џон Кери.

    Главна тема на разговорите е Сирија, а на состанокот ќе присуствуваат и претставници на Турција и Саудиска Арабија.

  • Свет 22.10.2015 11:45

    „Викиликс“ објави приватни мејлови на директорот на ЦИА

    „Викиликс“ објави мејлови на директорот на ЦИА, Џон Бренан. Мејлот бил хакиран од ученик од средно училиште.

  • Свет 22.10.2015 10:30

    САД: Строги проверки на бегалците

    Американските безбедносни агенции се сериозно загрижени дека меѓу бегалците од Сирија можеби ќе има и припадници на терористички групи.

  • Свет 21.10.2015 17:35

    Бегалска криза: Во Словенија врие

    Ескалираше бегалската криза на словенечко-австриската граница. Полицијата се откажала од обидот да ја контролира толпата мигранти, им кажала дека веќе нема возови и автобуси и слободно може да пешачат 50 километри до Грац.

  • Свет 21.10.2015 13:13

    Подметнат пожар во бегалски камп во Словенија

    Изутринава избувнал пожар во кампот за бегалци во Брезице во Словенија. Луѓето во паника барале да бидат отворени вратите. Според локалните медиуми, пожарот бил намерно подметнат од мигрантите во знак на протест.

Pages