-
Свет 09.03.2015 09:08
ЕЦБ почнува со откуп на државни обврзници
Европската централна банка од денеска почнува со нова програма за откуп на државни обврзници во обид да добие нови средства во економиите на еврозоната. -
Свет 06.03.2015 14:30
Џихадистите на ИДИЛ го уништија древниот град Нимруд, штетата е непроценлива
Не стивнуваат реакциите, пред се на научната јавност, откако се дозна дека џихадистите од Исламска држава со булдожери и тешки возила го срамниле со земја древниот асирски град Нимруд, кој е непроценливо културно наследство.
-
Свет 06.03.2015 13:38
Ана Дурицкаја добивала смртни закани
Единствениот сведок на убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, Ана Дурицкаја добивала смртни закани по враќањето во Украина, соопшти украинското Главно обвинителство.
Дурицкаја во полициска станица изјавила дека непознати лица смртно се заканувале.
-
Свет 06.03.2015 11:51
Невреме на Балканот: Без струја останаа неколку илјади жители
На Балканот без струја останаа повеќе илјади жители на Босна и Херцеговина, а во Црна Гора голем број граѓани останаа отсечени од поплавите и од снегот, се евакуираат децата и болните.
-
Свет 05.03.2015 17:34
САД- Израел: Затегнати односи меѓу старите сојузници
Не стивнуваат реакциите по обраќањето на израелскиот премиер Нетанјаху на покана на републиканското мнозинство во Конгресот на САД, пречекан со неодобрување од демократите и администрацијата на претседателот Обама.
-
Свет 05.03.2015 16:06
Брутално нападнат американскиот амбасадор во Сеул, заврши со 80 конци на лицето
Зашиен со 80 конци. Ова е епилогот од двочасовната операција извршена врз американскиот амбасадор во сеул, Марк Липерта.
-
Свет 05.03.2015 15:12
Забранет увоз на сомнителни американски јаболка во Тајланд, Малезија и Филипини
Дел од ланската берба на американски јаболка биле заразени од листерија и затоа Тајланд, Филипини и Малезија го забранија нивниот увоз. Здравствените власти добиле потврда за листеријата и од Агенцијата за храна на САД.
-
Свет 05.03.2015 13:50
Во Франција од грип починале над 8.500 лица
За 19% повеќе смртни случаи поради грипот во споредба со претходните години, соопштуваат здравствените власти во Франција. Вирусот што циркулира оваа година се покажал како поопасен, особено за лицата над 65 години, информираат од Институтот за здравствена грижа.
-
Свет 05.03.2015 13:15
Руската полиција ги има снимките од убиецот на Немцов
Руската полиција ги има снимките на кои можат да се видат напаѓачите на опозиционер Борис Немцов, соопшти руската телевизија РЕН ТВ.
Претходно беше објавено дека полицијата го нашла автомобилот со кој избегале убијците.
-
Свет 05.03.2015 12:25
Нападнат американскиот амбасадор во Сеул
Американскиот амбасадор Марк Липерта во Сеул е нападнат од непознат маж, кој со нож му нанел повреди на лицето.
За време на инцидентот мажот извикал дека Јужна и Северна Кореја треба да се обединат и потоа го извршил нападот. Полицијата веднаш го уапсила.










