Србија бира нов состав на парламентот, претставници на локалната и покраинската власт. Шест ипол милиони гласачи одлучуваат кој ќе ја води извршната и законодавната власт, кој ќе седне во градоначалничките фотелји.
-
Свет 17.12.2023 20:08
-
Свет 17.12.2023 19:08
Пукање на забава во Мексико, загинаа најмалку 11 лица
Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се ранети кога вооружени напаѓачи отворија оган на забава во поранешна хациенда во Мексико.
-
Свет 17.12.2023 17:38
Неполни три саати до затворање на избирачките кутии во Србија
Владејачките партии одделно на овие вонредни избори во Србија, проевропскиот опозициски блок, обединет. Сите партии кои учествуваат се надеваат на добри резултати и победа, но анкетите од изминатиот период покажуваат дека и овојпат бројките се во корист на актуелната владејачка структура.
-
Свет 17.12.2023 17:19
До 14 часот излегле 32,38 отсто од гласачите во Србија
После неполни две години, соседна Србија излегува на предвремени избори на кои над 6 и пол милиони граѓани имаат право на глас. До 14 часот гласале 32,38 отсто од избирачите, соопшти Републичката изборна комисија.
-
Свет 17.12.2023 15:49
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори до крај во војната со Хамас
Израел ќе продолжи да се бори до крај во војната со Хамас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тел Авив би можел да биде под дополнителен притисок да ги намали големите борбени операции, но Нетанјаху е дециден дека продолжуваат до целосно уништување на Хамас.
-
Свет 17.12.2023 13:33
Во Србија до 10 часот гласале 9,94 запишани гласачи, според РИК гласањето се одвива без проблеми
Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија. На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 10 часот е 9,94 отсто, и дека гласањето се одвива непречено.
-
Свет 17.12.2023 13:08
Најмалку 60 мигранти се удавија во близина на Либија
60-на мигранти, вклучувајќи жени и деца, се удавија во „трагичен“ бродолом кај Либија, објави Меѓународната организација за миграција на платформата Икс.
Организацијата соопшти дека преживеаните рекле дека бродот со 86 луѓе испловил од либискиот град Звара.
-
Свет 17.12.2023 12:25
Продолжуваат воздушните напади меѓу Русија и Украина
Украина лансираше десетици беспилотни летала на цели во јужна и западна Русија, додека Москва гаѓаше локации во Украина со најмалку една балистичка и една крстаречка ракета, заедно со беспилотни летала.
-
Свет 17.12.2023 10:21
По две години Србија повторно гласа
По неполни две години Србија повторно гласа. Владејачките партии одделно на овие избори, проевропскиот опозициски блок, обединет. Од Белград известува Викторија Милевска.
-
Свет 17.12.2023 09:54
Началникот на Генералштабот на израелската армија ја презеде одговорноста за убиството на тројцата заложници
Тел Авив ја призна вината за убиството на тројцата заложници. Одговорноста ја презеде началникот на генералштабот на војската Херзи Халеви.










