Во време кога два американски носачи на авиони од најновата генерација пловат во водите околу Блискиот Исток, секретарот за одбрана Остин пристигна во еднодневна посета на Израел.
-
Свет 18.12.2023 12:32
-
Свет 18.12.2023 12:05
Вооружен напад на забава во Мексико, 12 лица загинаа
Дванаесет лица загинаа а над 10 се повредени во вооружен напад на забава во централната мексиканска држава Гуанахуато, објавија мексиканските власти.
Група луѓе отвориле оган врз учесниците на традиционалната мексиканска забава што се одржува во деновите пред Божиќ.
-
Свет 18.12.2023 12:02
Украина и Русија со нов бран меѓусебни напади со дронови
Украина и Русија со нов бран меѓусебни напади со дронови со зголемен интензитет. Нападната цивилна инфраструктура и руски воен аеродром. Украинските сили соопштија дека во текот на ноќта биле соборени 20 руски беспилотни летала, како и една балистичка ракета „Искандер“.
-
Свет 18.12.2023 09:55
Израелската војска откри бетонски тунел на Хамас долг 4 километри
Продолжуваат жестоките битки во Појасот Газа. Во напади врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, загинаа 90 Палестинци. Од израелската војска објавија дека напредуваат на фронтот. Само во саботата нападнале најмалку 200 локации на Хамас.
-
Свет 18.12.2023 09:50
Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека коалицијата „Србија не смее да запре“, предводена од неговата Српска напредна партија, на изборите освоила апсолутна победа на републичко и на покраинско ниво. Очекува да ја формира власта и во Белград.
-
Свет 18.12.2023 09:44
Автомобил удри во возилото на тајната служба кое го обезбедуваше Бајден
Во Вилмингтон, Делавер, автомобил случајно удри во џипот на тајната служба додека претседателот Бајден, влегувал во неговиот автомобил. Портпаролот на тајната служба, Стив Копек во изјава за Си-Ен-Ен рече дека несреќата не била намерна.
-
Свет 17.12.2023 22:58
Вучиќ: Освоивме апсолутно мнозинство, победивме и во Белград
Вучиќ вечерва се обрати до јавноста по денешниот изборен ден.
-
Свет 17.12.2023 22:26
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува Европско-медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, јавуваат турските медиуми.
-
Свет 17.12.2023 21:38
Заврши гласањето во Србија
Во 20 часот вечерва заврши гласањето во Србија на предвремени парламентарни, покраински и локални избори во 60-тина градови и општини. По 20 часот останаа да гласаат само оние граѓани кои во тоа време се затекнале на местото на гласање.
-
Свет 17.12.2023 20:35
Во невреме во Аргентина загинаа 13 лица
Големо невреме со обилни дождови и ветрови до 150 километри на час усмрти 13 лица, а предизвика материјална штета во повеќе градови во Аргентина, меѓу кои и Буенос Аирес.










