Ужасни сцени пристигнуваат од унгарскиот град Будакеши по пожарот кој во текот на ноќта го пеплоса хостелот „Спорт“. Откако го зафатил покривот на двокатната зграда се проширил низ објектот користен за сместување работници.
-
Свет 13.02.2026 17:58
-
Свет 13.02.2026 15:42
Забрана за социјални мрежи за деца и тинејџери во Португалија
Португалскиот парламент одобри ограничувања на социјалните медиуми за деца и тинејџери.
-
Свет 13.02.2026 15:04
30 дневна вонредна состојба поради поплави во Колумбија
Владата на Колумбија прогласи 30 дневна економска вонредна состојба за да помогне во финансирањето на помошта на поплавените региони. Одделот за управување со ризици пријави најмалку 18 мртви поради дождовната сезона и повеќе од 69.000 семејства погодени во десетици општини.
-
Свет 13.02.2026 12:45
Судбината на Украина во фокусот на дебатите на Минхенската безбедносна конференција
Додека светските лидери се собираат во Германија на Минхенската безбедносна конференција, судбината во Украина и натаму неизвесна. Напорите на Вашингтон за мировен договор меѓу Киев и Москва без големи знаци на напредок. Руските напади продолжуваат.
-
Свет 13.02.2026 12:43
Пожар во хостел во Будимпешта, има загинати и тешко повредени
Најмалку три лица загинаа, а над 20 се повредени во голем пожар што избувна во раните утрински часови во хостел во Будакеси, западно од Будимпешта. Пламенот целосно го зафатил покривот на двокатната зграда, а според првичните сознанија, причина за несреќата е експлозија на плинска боца.
-
Свет 13.02.2026 10:16
Трамп: Мора да склучиме договор со Иран
Мора да склучиме договор со Иран, во спротивно ќе биде многу трауматично, истакна американскиот претседател Трамп, рече дека имал добар состанок со израелскиот премиер и инсистирал дека преговорите со Иран треба да продолжат.
-
Свет 13.02.2026 09:56
Земјоделците на масовен протест во Атина поради неисполнети барања
Земјоделците во Грција попладнево излегуваат на голем протест во центарот на Атина. Тврдат дека владата и натаму во целост не ги исполнила нивните барања. Околу 130 земјоделци од Крит тргнале кон Атина со траект уште синоќа, додека од континенталниот дел на Грција доаѓаат со автобуси.
-
Свет 13.02.2026 09:40
ООН бара да запрат нападите врз цивили во Украина
Обединетите нации бараат да запрат нападите врз цивилното население во Украина. Организацијата нотира дека е оштетена енергетската инфраструктура.
-
Свет 12.02.2026 20:13
Еден загинат, четворица повредени откако трамвај излетал од шините во Сараево
Едно лице загина, а четворица се повредени откако трамвај излета од шините и удри во стојалиште на една од централните раскрсници во Сараево. Од повредените, две лица се во потешка клиничка состојба.
-
Свет 12.02.2026 19:04
Руте: Мораме да го одбраниме секој сантиметар од територијата на НАТО
НАТО мора да ја брани секоја педа од територијата на сојузниците, дециден е Генералниот секретар. Руте вели дека за разлика од минатото, Европа сега ги зголемува трошоците за одбрана и презема поголема одговорност.










