Од сон до реалност- презентирани 22 успешни деловни приказни поддржани со програмата за самовработување. Мерките на државата, трета година се приспособуваат на потребите на општеството и се поттик за почнување бизниси, оценуваат од Фондот за иновации.
-
Економија 25.11.2019 15:57
-
Економија 25.11.2019 15:12
За власта буџетот реален и развоен, за опозцијата популистички
Претставуваме реален буџет кој ги лоцира приоритетите и ги алоцира парите на граѓаните онаму каде што ќе дадат најголеми резултати- министерката за финансии на првиот ден од расправата во матичната комисија.
-
Економија 25.11.2019 13:58
Скенирани над 38 милиони фискални сметки, во декември почнува исплатата
4,9 милиони евра изнесува повратот на ДДВ што ќе го добијат граѓаните. За околу две недели, Управата за јавни приходи ќе ја направи првата исплата на средства од проектот „Мој ДДВ“. Највисокиот можен износ за три месеци е 1.800 денари.
-
Економија 25.11.2019 13:14
Бензините поскапи, дизелот поевтин
Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на бензините за половина денар, додека дизелот и екстралесното масло, поевтинуваат за денар. Исто така и цената на мазутот се намалува за 0,38 денари по килограм.
-
Економија 25.11.2019 13:04
Почна расправата за предлог- буџетот за наредната година
Претставуваме реален буџет кој ги лоцира приоритетите и ги алоцира парите на граѓаните онаму каде што ќе дадат најголеми резултати, изјави министерката за финансии Ангеловска на првиот ден од расправата во матичната комисија.
-
Економија 25.11.2019 10:29
Тутунарите очекуваат повисоки откупни цени
Тутунот и годинава ќе го откупуваат девет компании и сите имаат обезбедени пари за исплата.
Крајниот рок за отворање на пријавените 210 откупни пунктови според законот е 15 декември, а откупот треба да заврши на 28 февруари.
-
Економија 22.11.2019 15:17
Ќе бидат поддржани околу 80 компании со 11,2 милиони евра
До крајот на годината Фондот за иновации и технолошки развој ќе објави уште два јавни повика. За кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации се наменети 6 милиони евра, додека за повик за новоформирани друштва, старт-ап и спин-оф компании 1,5 милион евра.
-
Економија 22.11.2019 14:35
Со нова мерка ќе се поттикнува вработувањето во производствениот сектор
3.000 денари месечно за секој млад човек до 23 години кој е вработен или ќе се вработи во дејноста производство. Владата со новата мерка младински додаток ќе го потикнува вработувањето во овој сектор. Ќе се исплаќа на лицата до 23 години, по завршувањето на средното образование.
-
Економија 22.11.2019 11:47
Ангеловска: За 1,7 милијарди денари намалени обврските на институциите, општините, локалните установи
За 1,7 милијарди денари намалени се доспеаните обврски на институциите, општините, локалните установи, во првите девет месеци годинава споредено со истиот период лани, соопштуваат од Министерството за финансии.
-
Економија 22.11.2019 10:29
Зголемен интересот за самовработување и сопствeн бизнис
Авто- лимари, плочкари, мајстори за кнауф, за трговија на мало и посебно атрактивно, за фитнес-салони, се занимањата кои се бараат на пазарот, а невработените во Прилеп ги отвораат како сопствен бизнис, барајќи ја својата иднина.


