Субвенции за сите граѓани што ќе набават нови возила со Еуро-5 или повисок еколошки стандард- најави министерот Бектеши. Ќе се стега обрачот околу возилата што загадуваат повеќе или ќе се зголемат давачките при увоз.
-
Економија 12.12.2019 15:06
-
Економија 12.12.2019 14:50
Расте бројот на туристи
Туристите кои доаѓаат во земјава сакаат да научат да резбаат, да научат како се прави нешто од глина, а има и ситуации кога туристите сакаат да берат јаболка во Преспа- раскажува претседателот на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.
-
Економија 12.12.2019 13:53
Утврден текстот на дополнетиот предлог- буџет за 2020 година
Владата го утврди текстот на дополнетиот предлог- буџет за идната година. Прифатени се 12 амандмани што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии. Текстот ќе биде испратен до Собранието.
-
Економија 12.12.2019 13:17
Авиосообраќај: Превезени 2,5 милиони патници за 11 месеци
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид забележаа рекордни 2,5 милиони патници во периодот од јануари до ноември 2019 година, што претставува пораст од 14% годишно.
-
Економија 12.12.2019 11:53
Ангеловска- Бежовска: Можно е забавување на економската активност поради изборите
Можно е забавување на економската активност следната година заради претстојните вонредни парламентарни избори, на што упатува искуството досега, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период- вели гувернерот на Народната банка, Анита Ангеловска
-
Економија 12.12.2019 11:35
Трошоците на живот во ноември намалени за 0,1 отсто
Трошоците на живот во ноември годинава бележат намалување од 0,1 отсто и во однос на претходниот месец и на истиот месец минатата година.
-
Економија 11.12.2019 14:28
До петок сите граѓани што скенираат фискални ќе го добијат повратот на ДДВ
Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи.
-
Економија 11.12.2019 10:04
Поврат на персоналецот за земјоделците
До 31-ви декември годинава скоро 17.000 земјоделци ќе добијат поврат на персоналниот данок за остварениот приход во 2018-та година исклучиво од продажба на примарно производство.
-
Економија 10.12.2019 15:52
Се укинува Законот за трговија на зелените пазари
Уште не стартувал со примена, Владата донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари. Анализите покажале дека неговата примена би довела до социјални, економски и фискални последици врз пазарџиите, изјави министерот Бектеши.
-
Економија 10.12.2019 14:25
Нови содржини за подобар квалитет и раст на туризмот
Ќе се градат велнес и спа центри, ќе се развива бањскиот и винскиот туризам. Ќе се работи на подобрување на квалитетот на туризмот во земјава. Најмалку една пештера ќе биде прилагодена за туристички посети. Годинава се очекува туризмот да биде 2,5 проценти од бруто домашниот производ.






