Охрид воздушно се поврзува со Варшава, Талин, Ајндховен. Три нови сезонски линии кон Полска, Естонија и Холандија ќе бидат воведени годинава. Менаџментот на ТАВ објави- два милиони патници лани ги користеле услугите на македонските аеродроми, за 13 насто повеќе од 2016-та.
-
Економија 09.01.2018 12:52
-
Економија 09.01.2018 12:31
Ново поскапување на горивата
Ново поскапување на горивата од полноќ- цената на дизелот се зголемува за уште денар, па литар ќе се продава за 59,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува непроменета, но, 98-октанскиот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.
-
Економија 09.01.2018 10:17
Платена првата рата за винското грозје
Винските визби им ја платија на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според Законот исплатата е во рок од 6 месеци од преземањето на откупениот род и ќе биде на 3 рати.
-
Економија 05.01.2018 15:44
„Џемдаг Лајтинг Европа“ ќе инвестира во „Бунарџик“
На последната владина седница се донесени повеќе одлуки. Дадена е согласност за закуп на земјиште во зоната „Бунарџик“ на компанијата „Џемдаг Лајтинг Европа“. Гринфилд инвестицијата од 5 милиони евра треба да отвори 100 работни места. Договорот ќе биде потпишан кон средината на овој месец.
-
Економија 04.01.2018 10:40
Над 1,8 милиони платежни картички се користат во Македонија
Над 1,8 милиони платежни картички поседуваат македонските граѓани. Најголемиот дел корисници се физички лица, а од брендовите најзастепени се „Виза“ и „Мастеркард“.
-
Економија 04.01.2018 10:38
Македонците далеку од просекот на потрошувачка во ЕУ
Неколку години по ред куповната моќ на македонските граѓани е речиси 41 насто од европскиот просек. На таа листа зад нас е само Албанија со 37%, покажуваат последните податоци објавени од Евростат.
-
Економија 03.01.2018 14:05
Тевдовски за МТВ: Во 2018-та за капитални инвестиции речиси 400 милиони евра
Во 2017-та имаше забавен економски раст поради политичката криза. Од ресорот финансии за годинава предвидуваат закрепнување на економијата и повеќе инвестиции. Во државната каса за капитални инвестиции се предвидени речиси 400 милиони евра, вели во интервју за МТВ, првиот финансиер Тевдовски.
-
Економија 03.01.2018 12:47
Купувањето на интернет сѐ поатрактивно, е- трговијата со годишен раст од 30%
Купувањето преку интернет станува сѐ поатрактивно. Речиси 85 милиони евра изнесуваат трансакциите направени од земјава кон домашни и странски компании. Според податоците на Народната банка, Е- трговијата бележи пораст од 30 проценти годишно.
-
Економија 03.01.2018 11:08
Расте извозот од индустриските зони, има интерес за нови инвестиции
Комапниите што работат во индустриските зони лани оствариле за 29,2 проценти поголем извоз во однос на 2016-та година.
-
Економија 03.01.2018 10:28
Повисока откупна цена на тутунот
Тутунарите се задоволни од годинешниот откуп на тутунот. Досега, според Државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 18.000 од вкупните 23.000 тони тутун, колку што се очекува да тежи родот годинава.










