Конфедерацијата на слободните синдикати и Синдикатот на образованието и науката, најавија предупредувачки протест на 17-ти јануари. Посочуваат дека може да биде доведен во прашање и почетокот на второто полугодие.
-
Економија 28.12.2017 13:18
-
Економија 27.12.2017 16:21
Владата го претстави финалниот План за економски раст
Македонската економија в година ќе се поттикнува со 3,1 милијарда денари, уште една милијарда ќе се насочи за активните мерки за вработување. Владата уверена дека ќе се оствари проектираниот раст од 3,2 проценти. Премиерот Заев најави економија на здрави основи.
-
Економија 27.12.2017 13:30
0,5 проценти раст на индустриското производство од почетокот на годината
Индустриското производство од јанури до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Индустриското производство во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 4,1 отсто.
-
Економија 27.12.2017 09:08
Презентација на финализираниот План за економски раст
Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде презентиран финализираниот План за економски раст.
Документот на прес-конференција ќе го претстават премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
-
Економија 26.12.2017 15:56
Потребни се инвестиции за развој на туризмот
За да се развие туризмот како гранка се потребни инвестиции во современи патишта и друга транспортна инфраструктура.
-
Економија 26.12.2017 14:12
Откупот на тутун се одвива непречено, ќе се стимулира побарувачката
Тутунот е квалитетен и постигнуваме добра цена, велат тутунарите кои на вагите на откупниот пункт на прилепскиот Тутунски комбинат ја следат проценката нивниот труд.
-
Економија 26.12.2017 09:09
Заев и Николовски ќе посетат откупни пунктови за тутун
Премиерот Зоран Заев денеска ќе ги посети откупните пунктови за тутун „Сокотаб“ во Кривогаштани и Тутунски комбинат Прилеп.
При посетата на пунктовите Заев ќе биде придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-
Економија 25.12.2017 15:45
Два анекса со „Синохидро“, корекција на роковите и на сумата
Владата сѐ уште преговара, до крајот на јануари се очекува немсто еден, да бидат потпишани два анекса на договорите со „Синохидро“ за автопатот Кичево Охрид. Едниот за продолжување на роковите за градба, другиот корекција на цената за доизградба, тврди министерот за транспорт Сугарески.
-
Економија 25.12.2017 12:47
Бензините и дизелот со повисока цена за половина денар
Од полноќ поскапуваат нафтените деривати- соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на дизелот се зголемуваат за половина денар.
-
Економија 25.12.2017 09:57
Последен рок за субвенции за лозарите
Лозарите ќе добијат дополнителни два денари субвенција за килограм винско грозје. Право на користење на овие пари ќе имаат земјоделците со лозови насади, и остварено и предадено производство во регистрирани винарници.









