Вести
-
Економија 04.11.2013 14:49
100 милиони евра за подобрување на општинската инфраструктура во земјите на Западниот Балкан
Европската банка за обнова и развој и германската КФВ , со заеднички напори, ќе основаат Фонд за подобрување на општинските инфраструктури во земјите на Забадниот Балкан. -
Култура 04.11.2013 14:28
Недела на руски филмови
Еден од најистакнатите руски режисери Карен Шахназаров гостува во Скопје, по повод ревијата на негови филмови што ја организира Филмскиот фонд на Македонија и руската амбасада во земјава. -
Македонија 04.11.2013 14:11
Прстен на Гоце Делчев
Катерина Нурџиева-Делчева, е внука на Гоце Делчев и сегашен сопственик на неговиот прстен со чиј отпечаток во црвен восок Делчев заверувал документи. Овој прстен таа ќе го подари на штипскиот универзитет кој го носи името на нашиот истакнат револуционер. -
Македонија 04.11.2013 13:44
22 годишен од кичевско Зајас изрешетан со куршуми на паркинг
Момчето било донесено во медицинскиот центар во Кичево синоќа околу 22 часот. 22-годишниот имал прострелни рани во пределот на потколеницата. Момчето било изрешетано со куршуми на паркинг во атарот на селото Кнежино. -
Македонија 04.11.2013 11:46
Полицијата се подмлади со 318 полициски службеници
Со добивањето на полициската значка се заколнаа дека ќе ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните и уредно ќе ја извршуваат полициската работа.. Подготвени се за предизвиците.Андријана Костадиновиќ - полицаец -
Свет 04.11.2013 11:05
Авионска несреќа во Боливија
Најмалку 9 лица загинаа, меѓу кои и тројца владини претставници во авионска несреќа во североисточниот дел на Боливија.
-
Свет 04.11.2013 11:03
Дортмунд бомба
Германските власти успешно деактивираа огромна бомба останата од втората светска војна. Поради опасноста евакуирани беа квартови во Дортмунд. Над 20 илјади лица беа принудени да ги напуштат домовите, а беа евакуирани и повеќе болници и други институции.
-
Свет 04.11.2013 11:01
Каиро судење Морси
Се најавуваат нови безредија во Египет. Соборениот исламистички претседател Мухамед Морси е префрлен во Полициската академија во Каиро каде што треба да почне судењето против него.
-
Свет 04.11.2013 10:56
Локални избори во Косово
Првичните резултати од локалните избори на Косово се очекуваат во текот на денот.. Странсксите медиуми изборите ги оценија како напнати и полни со нерегуларности, откако во северна Митровица, вооружена маскирана група ги ограбила и уништила гласачките ливчиња.
-
Култура 04.11.2013 10:25
Изложба на најдобрите постери од конкурсот „Citizen 2020“
Централниот настан на шестиот по ред „Скопје Постер Фестивал“ ќе се одржи вечер во Младинскиот културен центар, каде ќе бидат прикажани најдобрите постери од конкурсот „Citizen 2020“.










