Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја известува јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони
Вести
-
Македонија 28.11.2025 13:46
-
Македонија 28.11.2025 13:42
Сиљановска-Давкова оствари средба со црногорскиот претседател Милатовиќ
Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничка стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Цетиње.
-
Македонија 28.11.2025 13:30
Продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“
Денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера.
-
Економија 28.11.2025 13:29
Граѓаните незадоволни од попустите за „црн петок“
„Црн петок“ во Македонија-ова е денот кога голем дел од граѓаните очекуваат пониски цени во продажните места, но дали и колку се намалени одговори бара, Александра Велинова.
-
Економија 28.11.2025 13:22
УЈП ја зголеми нето наплатата на даноците
Управата за јавни приходи за 10 месеци ја зголемила нето наплатата на даноци за шест проценти. Во државниот буџет од почеток на годината досега се слеале 3 милијарди и 600 милиони евра. За премиерот Мицкоски спречување на корупцијата е клучно за опстанок на системот.
-
Македонија 28.11.2025 13:15
Се чека одлуката од Уставен за пензиите
За укинувањето на линеарното зголемување на пензиите, премиерот Мицкоски вели дека имал таква информација. Тој ја образложи вчерашната изјава на пратенички прашања, која подоцна ја демантираше Уставниот суд. Тој денеска говореше и за сметките за струја кои се зголемуваат за пет проценти.
-
Македонија 28.11.2025 13:13
Седум ученици од ООУ„Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Детската клиника
Уште две деца од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Детската клиника, со тоа бројот се зголеми на седум. Водата е чиста и не е причина за труење, го покажаа резултатите на Скопски водовод по земените мостри.
-
Македонија 28.11.2025 12:58
УХМР со жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата.
-
Свет 28.11.2025 12:56
Пожарот во станбените облакодери во Хонг Конг ставен под контрола, расте црниот биланс
Расте бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери во Хонгконг. Пожарот, кој е целосно изгаснат одзеде над 100 животи, остави најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе се водат за исчезнати. Властите соопштија дека неколку тела сè уште се наоѓаат во објектите.
-
Економија 28.11.2025 12:41
Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите
Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека просечната каматна стапка на кредитите изнесува 4,82 проценти и бележи годишен пад од 0,56 процентни поени.










