Дрисла сè уште чади и покрај дождот и напорите од надлежните за решавање на проблемот. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување забелешка наоѓа во досегашното менаџирање со депонијата. Денеска продолжуваат активностите за затрупување на пожарот со земја.
Вести
-
Македонија 11.09.2025 13:12
-
Македонија 11.09.2025 12:50
Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации
Инклузивен социјален и човечки развој, одржлива економија и достојна работа, отпорно и зелено општество и екосистеми, владеење на правото и добро управување.
-
Македонија 11.09.2025 12:50
Фатен крадец при обид да влезе во куќа во Охрид, следува пријава
Синоќа во 20:30 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Н.(38) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со подесен алат и со физичка сила се обидел да отвори прозор и да влезе во куќа на истата улица.
-
Свет 11.09.2025 12:30
24 години од терористичките напади во САД
Денес се навршуваат 24 години од терористичките напади врз САД во кои беа убиени речиси 3.000 луѓе откако четири киднапирани авиони беа насочени кон симболи на американската моќ: два авиони се урнаа во кулите близначки во Њујорк, еден го погоди Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија.
-
Македонија 11.09.2025 12:01
Лишен од слобода лихвар од Скопје, следува соодветна пријава
Вчера во 15:00 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(41) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
-
Култура 11.09.2025 11:42
Со претставата „Жива досада“, МНТ гостува на Театарскиот фестивал за деца во Штип
На 13-от Театарски фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, Македонскиот народен театар вечерва ќе гостува со претставата „Жива досада“.
-
Свет 11.09.2025 11:11
Израел продолжува со бомбардирања во Газа
Израелските сили продолжуваат со бомбардирања во Газа, при што загинаа десетици луѓе, истовремено извршија и нови смртоносни напади врз Хутите во Јемен со најмалку 35 жртви.
-
Економија 11.09.2025 10:45
Девизните резерви на крајот на август 4,75 милијарди евра
Девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4.754,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра, соопшти Народната банка.
-
Македонија 11.09.2025 10:20
Дождот не помогна во гаснењето на пожарот на „Дрисла“
Дождот во Скопје не помогна во гаснењето на пожарот во депонијата „Дрисла“. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека и изминатите денови на депонијата било фрлано вода, но гаснењето одело тешко.
-
Култура 11.09.2025 09:56
Министерот за култура ќе го посети Македониумот во Крушево
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети споменикот Македониум во Крушево за кој Владата одвои 2,5 милиони денари за интервентна заштита, откако во дел од медиумите беше објавено дека споменикот пропаѓа.










