Илон Маск ја напушта својата владина улога како врвен советник на американскиот претседател Трамп, откако ги предводеше напорите за намалување и реорганизација на федералната бирократија.
Вести
-
Свет 29.05.2025 09:49
-
Македонија 29.05.2025 09:22
Во Собранието денеска пратенички прашања
Во Собранието, вообичаено последниот четврток во месецот, резервиран за пратенички прашања. Пратениците од опозицијата и од власта ќе бараат одговори од премиерот и министрите за актуелни теми. Претходно, собранискиот спикер Гаши ќе има брифинг со новинарите, за работата на парламентот.
-
Македонија 29.05.2025 09:06
Трајко Славески е новиот гувернер на Народна банка
Трајко Славески е новиот гувернер на Народна банка. Доцна синоќа со 68 гласа за и 16 против Собранието даде зелено светло на предлогот доставен од претседателката Сиљановска-Давкова.
-
Македонија 29.05.2025 08:48
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 29.05.2025 08:39
Нетанјаху потврди го убиле лидерот на Хамас
Хамас соопшти дека постигнале договор со американскиот специјален претставник Виткоф, за прелиминарен договор за прекин на огнот со Израел и дека чекаат конечен одговор. Во меѓувреме силите на Тел Авив продолжуваат со офанзивата во Газа.
-
Свет 29.05.2025 08:37
Русија предложи нови директни преговори со Украина во Истанбул на 2-ри јуни
Русија предложи нови директни преговори со Украина во Истанбул на 2 јуни. Шефот на украинската дипломатија Умеров, потврди дека се подготвени за дијалог, тврди дека го предале меморандумот на Москва, но сè уште го чекаат рускиот документ.
-
Македонија 29.05.2025 08:28
Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“
Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ за злоупотреба на јавни набавки и перење пари со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
-
Македонија 29.05.2025 08:25
Седници на комисии денеска во Собранието
Во Парламентот на Република Северна Македонија денес ќе се одржат состаноци на комисиите за култура и туризам, за социјална политика, демографија и млади, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно-правната комисија и Комисијата за земјоделство, шум
-
Македонија 29.05.2025 08:22
Сиљановска-Давкова ја продолжува работната посета на Казахстан
Претседателката Сиљановска-Давкова ја продолжува работната посета на Казахстан каде што учествува на Меѓународниот форум Астана 2025.
-
Македонија 29.05.2025 08:17
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.










