Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, денеска сам се предал во полициска станица Кисела Вода, каде уште е на распит, потврдија од МВР. По него беше распишана потерница.
Вести
-
Македонија 23.01.2025 14:39
-
Култура 23.01.2025 14:31
Почина доајенот на македонското сликарство и филмски работник Коле Манев
По кусо боледување вчера во Скопје почина доајенот на македонското сликарство Коле Манев.
-
Македонија 23.01.2025 14:10
Програма за работа во 2025: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитетни работни места
Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 –
-
Македонија 23.01.2025 13:56
Трипуновски: По 6 години застој се спроведува вештачки мрест на Охридска пастрмка
„Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
-
Македонија 23.01.2025 13:37
Македонија игра со Катар за подобра позиција
Македонската ракометна репрезентација денеска на светското првенство ќе ги одмери силите со Катар. Мечот почнува во 15:30 часот. Секако на Македонската телевизија, отворено студио пред стартот на натпреварот.
Дамјан Николовски известува од Вараждин.
-
Македонија 23.01.2025 13:30
Опасност од тик-ток предизвиците
По немилиот настан кој се случи во прилепско, кога шестоодделенец падна од третиот кат на училиштето, сè уште се истражува дали се работи за несреќен случај или тик-ток предизвик. Не секоја ситуација треба да се поврзува со социјалните мрежи.
-
Македонија 23.01.2025 13:28
Нормализирано снабдувањето со парно греење
Граѓаните кои се греат на градското парно се соочуваат со проблеми во делови од Скопје, во изминатите три дена. Во центарот на главниот град на одредени локации воопшто и немаше греење.
Известува Борис Грујоски.
-
Македонија 23.01.2025 13:28
Приближување на ЕУ-интеграциите до граѓаните
Во Kуманово во посета евроамбасадорот. Рокас смета дека ЕУ треба да остане стратешка цел на Македонија. Кои пораки ги испрати евроамбасадорот?
Известува Елена Геориевска од Куманово.
-
Македонија 23.01.2025 13:23
Амнестија за „Организатори на 27 април“
Кривичниот суд ја уважи амнестијата на четворица обвинети кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27-ми април. Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски можат да си заминат дома.
-
Македонија 23.01.2025 13:13
За 34 проценти зголемен бројот на заболени со грип
Расте бројот на заболени со грип. За една недела повеќе за 34 проценти регистрирани од минатата недела. Амбулантите се полнат, а најбројни се децата. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека заразните болести имаат тренд на пораст.









